Зошто розовата не постои: Илустрирана лекција во 60 секунди

Minute Physics е серија рачно илустрирани анимирани филмови за наука кои ги објаснуваат на лесно достапен и забавен начин фактите и појавите од светот на физиката – на пример како може да постои розова боја, иако нема розова светлина.

Знаеме дека боите на виножитото одговараат на бранови со различна должина од спектарот на видливата светлина – црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова. Розовата ја нема на списокот. Нема розова светлина.

Оваа боја е мешавина од црвена и сина светлина – светлина од двата краја на виножитото кои нашиот мозок ги гледа како една единствена боја.

Ако „го поврземе“ виножитото, за да добиеме круг, меѓу црвената и виолетовата ќе остане празен простор. Таму би требало да се наоѓа остатокот од спектарот – инфрацрвени и ултравиолетови зраци, радиобранови, микробранови, Х-зраци, гама зраци, итн.  Но, бидејќи не можеме да ги видиме овие бранови, сето тоа го заменуваме со скриената величественост на розовата боја.

Од гледна точка на светлината розовата наскоро треба да се нарекува „минус-зелена”. Розовата е она што останува од белата светлина, кога ќе го извадите зеленото.

- Реклама -