Планетата Земја: Го познавате ли вашиот дом?

Ова видео ја има собрано во себе сета убавина на Земјата, магијата и силата.

Истовремено изразува повик и обвинување, барајќи помош и закана … Само треба да го погледнете.

Сепак, пред да го направите тоа дознајте неколку факти за планетата Земја.

Вселена

– Изградба на Меѓународната вселенска станица била најскапиот објект во историјата – изнесувала 150 милјарди долари.

– 6 милјарди километри е најголемата далечина од која некој ја сликал Земјата.

– Тардигарата, најотпорното суштество на светот, може да помине 10 денови во вселената.

– Човекот во вселената може да преживее два минути без заштита.

– Може да се види огромно загадување на воздухот во Кина од вселената, но не и кинескиот ѕид.

– Во текот на денот има 24 часа – 23 часови, 56 минути и 4 секунди претставува времето кое ѝ е потребно на Земјата да ротира околу својата оска.

– Во вселенските пространства, од лансирањето на „Спутник“, патуваат дури 38.000 предмети создадени од човекот.

– Високите планини и длабоките океани прават 1/5000 дел од обемот на Земјата.

– НАСА проценува дека секој ден на Земјата паѓа парче од вселенскиот отпад.

– Околу Земјата моментално во орбитата се наоѓаат 22.000 објекти кои ги направил човекот кои се со дијаметар од 10 сантиметри или поголем. Најголем дел од нив претставуваат фрагментите или неактивните сателити (87%), потрошените ракети (8%) и сателитите кои се сеуште во функција (5%).
bluemarble_2014089_lrg

Атмосфера

– Секој ден, во Земјината атмосфера, влегуваат 100 тони мали метеорити.

– Најголемиот метеор кој некогаш паднал на Земјата зад себе не оставил кратер бидејќи Хоба метеорот бил срамнет со земјата; најверојатно се одбил од земјата како камен со површина од вода.

– 19 километри е висината на која е неопходно да носите одело под притисок. Ако не носите оделно, водата започнува да врие. Оваа висина се нарекува Армстронгова граница.

– Озонската дупка се стеснува. Во 2012 година слојот на дупката бил најмал во последните 10 години.

– 4.3 квадрилиони долари е вредноста на атмосферата доколку се земе дека кубен метар СО2 изнесува 1.3 пени.

– На Земјата удираат 8.6 милиони громови.

– Диносаурусите можеле да постојат само затоа што атмосферата некогаш имала значително повеќе кислород. Влекачите денес не може да пораснат толку големи.

Moре

– На Земјата 97% од водата е солена, а 3% е свежа.

– На Антарктикот се наоѓа повеќе мраз отколку вода во Атлантикот.

– 1 литар морска вода содржи 12 милијардити дел од грам злато.

– 90% ѓубре од светските океани е пластика.

– Секоја година се откриваат 2.000 нови морски суштества.

– Океаните претставуваат 99% од просторот за живот на Земјата.

– Секоја година од напад на ајкула животот го губат 8-12 луѓе. Секоја година убиваме 100 милиони ајкули поради нивните перки.

– Скоро милиони видови живеат во океаните од кои само две третини се откриени.

– 90% од сите вулкански активности се случуваат во океаните.

– Кога целата вода на светот би ја собрале во една топка, тогаш таа би имала дијаметар од 860 километри, како ледената месечина на Сатурн, Тетус.

– Најдлабокиот дел на океанот изнесува 10.9 километри и се нарекува Мариана.

575650ronilac-foto-profimedia-4ff0

Под Земјата

– Земјата е единствена планета во нашиот соларен систем која поседува тектонски плочи. Без нив јаглеродот не би можел да биде консумиран и рециклиран и Земјата би прегреала.

– Ретките елементи не се ретки. Лутециумот (Lu), е 200 пати повообичаен во Земјината кора од златото.

– 99% од целото злато се наоѓа во јадрото на Земјата – тоа е доволно за околу Земјата да се направи слој со дебелина од 46 сантиметри.

– Топлината на Земјиното јадро изнесува 5500 степени Целзиусови – тоа е исто колку жештината на Сонцето.

– Цврстата железна топка со дијаметар од 2.400 километри се наоѓа во средиштето на Земјата. Иако е бела од топлината, притисокот е толку висок што таа не може да се стопи.

– 55 тони е тежината на најтешкиот кристал на Земјата кој е пронајден во рудник во Мексико.

– Под реката Амазон се наоѓа „реката“ Рио Хамза која на некои места е широка и до 400 километри. Таа се движи со брзина од 1 милиметар на час низ карпите.

– 2.8 километри е најголемата длабочина на која е пронајдена бактерија. Тие преживуваат такашто радиоактивноста од ураниумот ја создаваат во вода и енергија.

sahara-01

Земја

– Ветерот секоја година пренесува 40 милиони тони количина прашина од Сахара до Амазон.

– Во Туркменистан се наоѓа локација наречена „Врата на пеколот“. Станува збор за дупка полна со гас кој постојано гори веќе 40 години.

– 3.5 милјарди години изнесува староста на фосилите кои се пронајдени во Австралија. Тие се значително постаро од моментот кога Земјината атмосфера имала кислород.

– 57.8° е најголемата температура некогаш забележана. Тоа се случило во 1922 година во Либија.

– 89.2° е најниската температура некогаш забележана на Антарктикот.

– Поминаа скоро 2 милиони години откако паднала една капка вода на најсувото место на Антакртикот.

– Секоја година континентите се поместуваат за 2 сантиметри.

– 75% од животинските видови ќе бидат изумрени во наредните 300 години.

– Се проценува дека на Земјата се идентификувани само 14% од сите видови.

main_bg

Човек

– Секој ден се раѓаат по 200.000 луѓе

– Досега, на Земјата живееле 106 милјарди луѓе.

– До 2050 година на Земјата ќе бидат 9.6 милјарда луѓе.

– 2 личности умираат секоја секунда.

- Реклама -