Патот од вселената кон земјата

Милионерот Елон Муск и неговата компанија SpaceX често споделуваат видеа на нивните проектили, но обично на нив машините излегуваат нагоре кон Kосмосот.

Овој пат  тимот прави нешто друго. Tие ја прикачуваат познатата GoPro камера на ракета Falcon 9 и снимаат неверојатно видео, додека делот од ракетата, на која се наоѓа камерата, паѓа назад кон Земјата.

За музичкиот амбиент на спотот е избран „На убавиот син Дунав“ на Јохан Штраус, а истата музика беше користена и во 2001: A Space Odyssey како придружба на сцените со слетувањето на Месечината.

- Реклама -