Ова е најсреќната фотографија на светот, а има и зошто

Се насмеавте ли на оваа фотографија? Се разбира дека да.

Ова е фотографијата што преку онлајн гласање беше избрана за „најсреќната фотографија на светот“, а психолозите го имаат одоговорот што е тоа во фотографијата што предизвикува 71% од луѓето да се насмевнат кога ќе ја погледнат. Така, д-р Сајмон Мур попатно го открива рецептот за успешна фотографија што ќе ги насмее вашите Фејсбук пријатели, меѓу другото:

1. Многу насмевки – Луѓето што се смеат во позадина автоматски не прават среќни.
2. Слатки нешта – Луѓето имаат предиспозиција да се привлечени од мали животни и нешта со „бебешки“ карактеристики (како во случајов, љубопитна и збунета верверичка)
3. Сцената – Погледнете во живописните ридови и прекрасно мирната вода. Научниците сметаат дека сме еволуирале за да се чувствуваме сигурно и безбедно кога гледаме места како ова на сликата, бидејќи овде природата е прикажана во светло кое не ни претставува закана.
4. Изненадување – Неочекуваното појавување на верверичката (во случајов) инстантно резонира со нашиот хумор и не тера да се насмееме.

„Неочекуваниот елемент во оваа форка, и нашиот одговор кон него, објаснуваат зошто „фотобомб“ феноменот стана толку популарен тренд – резултира во неочекувано емоционално доживување“, додава Мур. „Изненадните „убави“ изненадувања се добри за нас, бидејќи психолошки зборувано, добиваме повеќе отколку што сме очекувале“.

Инаку, фотографијата со верверичката е направена од Мелиса Брендтс и нејзиниот сопруг Џексон, во 2009-тата година. Беше избрана за „најсреќна“ во анкетата спроведена од Кока-Кола, за нивната #choosehappiness кампања.

- Реклама -