Најдобро време да се јаде банана- кога е поздраво да се јаде банана, додека е тазе или кога е зрела?

Дали сте знаеле дека хранливите својства на бананите се менуваат додека зреат?

Дали сте забележале дека вкусот на бананите се менува додека зреат и дека стануваат поблаги? Ова се случува бидејќи ензимите кои ги содржат бананите постепено го разложуваат скробот (долга полимерна форма на шеќер која нема благ вкус), претворајќи ги во едноставен шеќер (моносахариди и дисахариди кои имаат благ вкус). Кога бананата созрева, тоа значи дека скробот веќе се претворил во обичен шеќер и е полесен за варење. Сепак, според истражувањата, количината на витамини и минерали се намалува додека банатата зрее. Поради таа причина треба да се чува во фрижидер.

1 (1)

Јапонските истражувачи открија еден многу интересен факт за бананите. Според нив, додека бананата зрее таа произведува повеќе антиоксиданси и има повеќе антиканцерогени својства. Кога бананата е целосно созреана со темни дамки на жолтата кора, таа произведува супстанца наречена ТНФ (Тумор некроза фактор), супстанца која може да се бори против абнормалните клетки. Истражувањето, исто така, покажа дека колку се потемни дамките толку подобри анти-канцерогени својства има. Покрај тоа, бананата со жолта кора и темни дамки е осум пати поефективна во зголемување на имунолошкиот систем на телото, отколку зелената банана.

Затоа, најдоброто време да се јаде банана е кога е целосно созреана. Но, доколку страдате од дијабетес тип 2 или сакате да избегнете брзо зголемување на нивото на шеќер во крвра, можеби треба да пробате да јадете созреана банана со путер од лешник- бидејќи маснотијата ја успорува апсорпцијата на шеќер во вашиот крвоток. Или можете да јадете банана која е сеуште зелена (степен 3-4 на сликата).

- Реклама -