Разведен буквално ја продава својата половина на е-bay

Eден Германец ја прифатил тезата дека сè се дели на половина при развод премногу буквално.

Тој ги пресекол на половина предметите кои биле стекнати во брак со неговата сопруга и го испратил нејзиниот дел по пошта. Што направил со својата половина? Ја продава на еBay … Ако сакате да купите половина автомобил Opel Corsa, тогаш ова е веќе сосема можно. Почетната цена на германскиот сајт eBay.de стартува од две евра и половина.

2(377) 6(37)

До крајот на лицитацијата има уште седум дена. Меѓу понудите на Германецот можете да си купите уште половина iPhone, половина MacBook Pro и половина телевизор.

Ако ви треба предната половина на велосипед, тогаш можете да наддавате од 2,5 евра. Очигледно Германецот бил многу лут, бидејќи продава и една половина од мече, парно, шлем, поштенско сандаче, па дури кауч.

$_57 $_57 (6) $_57 (5) $_57 (4) $_57 (3) $_57 (2)

- Реклама -