Mисла на денот: Ако ја имавме моќта да го вратиме времето

„Сите ние барем еднаш во животот сме си го поставиле тоа прашање: ако ни беше дадена можност да се вратиме назад, што би промениле во својот живот?

Ако истиот можеше да биде премотан, кои грешки би се обиделе да избегнеме? Која болка, кое каење, која тага би избрале да ја избришеме?

Дали навистина би се осмелиле да му дадеме нова смисла на нашето постоење?

За да станеме какви?

За да одиме каде?

И со кого? “

Мисла на денот

Гијом Мусо, „Ќе бидеш ли тука“

Guillaume_Musso_hiver2010

- Реклама -