„Скопски Метеж“ во соработка со Tони Зен и Нино Васков

Излезе новиот албум од групата „Скопски Метеж“ насловен „Спектар од бои“.

Овој албум со него носи 13 синглови, меѓу кои можат да се сретнат соработки со многубројни музичари и артисти. Песната која промотивно излезе на „youtube“, е дел од овие синглови, и е во соработка со Тони Зен и Нино Васков.

За аранжманот на песната се погрижи Глигорије Глигоров (Сук.93) кој е дел од групата „Скопски Метеж“, додека зад продукцискиот дел стои, Горан Матески-Гого кој е исто така дел од оваа хип-хоп група.

За музиката се погрижија и момците од групата „Cloud Town“ (Димитрије Маркович и Дамјан Ѓорѓиев),
како и Нино Васков. Исто така, за сите заинтересирани за овој албум, е веќе издаден во продажба, и можете да го набавите во „ЈУГОТОН“ по цена од 200 денари како и во кафулето „Концепт 37“ по цена од 150 денари.

Уживајте во новиот сингл.

- Реклама -