Копи-пејст звукот на најновите холивудски филмски трејлери

До скоро беше трубата од Inception. Да, оној препознатлив „Брааааам“ звук што продира до ‘рбетот и стратешки најавува дека следат моменти полни со акција и неизвесност. А сега, филмаџиите од Холивуд имаат нов омилен звук што го искористија горе-доле во сите трејлери за најновите филмски блокбастери. Се работи за звукот што потсетува на електрична машина што постепено се гаси откако сте и ја исклучиле струјата. Го има насекаде, од серијалот „Брзи и бесни“ па до најновите Спајдермен, Авенџерс, Терминатор итн…

Колку само некреативно звучи Холивуд во следново видео:

Но, овде нема ништо невообичаено. Холивуд одамна е некреативен и мрзелив кога се работи за звуците користени во филмовите. Еве уште еден пример:

- Реклама -