Мисла на денот: Да се скрати линијата

Еднаш големиот индиски цар Акбар пристигнал во судница, каде насликал на ѕид една линија. Тој се загледал во неа, а потоа ги прашал членовите на судот:

– Како може оваа линија да се направи пократка, без да биде допрена од човекова рака?

Сите молчеле, а само еден човек се насмевнал. Тој бил познатиот Бирбили.

Бирбили станал, се приближил до ѕидот и насликал над линијата, своја линија, поголема од првата, а потоа рекол:

– Еве, јас ја направив твојата линија пократка, без да ја допрам. Та нели големината и должината се релативни?!

Голем дел од работите во нашиот живот се релативни. Колку порано го прифатиме овој факт, толку побрзо ќе ги отвориме очите. Ќе почнеме да гледаме и да мислиме глобално, ќе пронајдеме нови решенија и светови. Нема да губиме време и енергија во бескорисни размислувања како да промениме некого или нешто кое што веќе постои. Напротив! Ќе создаваме, ќе ги претвориме “релативноста” и “околностите” во наш плус и ќе продолжиме напред, кон саканата цел.

- Реклама -