Инспиративна и прекрасна девојка со Даунов синдром ги урива стереотипите

Медлин Стјуард е необична тинејџерка со значајна мисија – да ја промени перцепцијата на луѓето за вистинската убавина.

01

Имено, како дете родено со Даунов синдром, Медлин одлучила да не и дозволи на својата здравствена состојба да се испречи пред реализирањето на нејзините желби и соништа. Така таа активно посетувала часови по танцување и спортување, а во моментов е посветена на моделирањето.

02

Како и најголем дел од лицата со Даунов синдром, Стјуарт отсекогаш имала проблеми со тежината. Минатата година таа се измачувала со фрустрации, бидејќи тежината ја попречувала да ги прави сите вежби на часовите по пливање и танцување. Па, таа со помош на мајка си Росана започнала нов режим на исхрана и се посветила на вежбањето. Како резултат на решителноста, ослабела 18 килограми.

03

Медлин плива петпати седмично, тренира за Параолимпијада и танцува хип-хоп. Во јули таа има закажан настап во Лас Вегас со својата група „Bust a Move“, програма за танцување за тинејџери и млади лица со хендикеп.

05

Желбата на Медлин да стане модел не била изненадување за нејзината мајка, која сега трага по агент кој ќе ја застапува 18-годишната девојка. „Таа го сака вниманието кое го добива кога е на сцена. Отсекогаш правев милиони слики од неа, па таа ја обожава камерата“ – изјавила Росана.

04

„Луѓето со Даунов синдром можат да направат сè, само со нивно темпо. Дајте им шанса и ќе бидете наградени повеќе одошто некогаш сте очекувале. Се чувствувам многу благословено што имам ќерка како Меди. Ми падна лото на денот кога таа се роди“ – изјавила Росана.

06

- Реклама -