Ироничниот Хаус

„Д-р Хаус” е американска медицинска серија која дебитираше во САД на 16 ноември 2004 година на телевизијата Фокс.

Протагонистот на серијата е д-р Грегори Хаус (Хју Лори), неконвенционален медицински гениј, кој го предводи тимот од дијагностичари во измислената Универзитетската болница Принстон во Њу Џерси.

„Ако победиш – ќе живееш. Ако изгубиш – умираш.“

„Мозокот е нешто прекрасно! Посакувам сите да имаа по еден!“

„Добро сум, само не сум среќен!“

„Ако никој не те мрази, значи дека правиш нешто погрешно!“

„Добивам ли бонусни поени ако се преправам дека ми е гајле?”

„- Времето менува сè! , така велат луѓето, но не е вистина. Кога правиш нешто, тоа ги менува работите. Ако не правиш ништо, ништо нема да се промени.“

„Вистината започнува со лаги.“

„Станавме лекари, за да лекуваме болести. Лекувањето на пациентите е она што ги прави повеќето лекари несреќни.“

„Целта на животот е не да ја елиминираме несреќата, туку да ја сведеме на минимум.”

„Сите лажат.“

„Секогаш ли си толку глупав или денес имаш посебен повод?“

- Реклама -