Зошто гласот ни звучи различно на снимка?

Ако сте го слушале својот глас на видео и сте мислеле дека звучи сосема поразлично, не сте единствените.

Впрочем, вие сте во право. Еве зошто.

Кога го слушате гласот на снимка, звукот во форма на вибрации во воздухот стигнува до вас, со тоа што го тера тапанчето во увото да ви затрепери. Осцилацијата на тапанчето се пренесува понатаму кон внатрешното уво со помош на три костички: чекан (maleus) наковална (incus), и стрела (stapes). Тие ја пренесуваат осцилацијата понатаму кон спирална структура, полна со течност и покриена со мали влакненца. Таа ги трансформира вибрациите во нервни сигнали кои се праќаат кон мозокот.

Но, зошто тој глас звучи толку различно од она што сте навикнати да го слушате?

Освен по воздухот, гласот стига до вас и на друг начин. Имено, гласните жици испраќаат вибрации и кон черепот. Овие осцилации поминуваат низ черепот и така стигнуваат до тапанчето. Но, додека минуваат низ коската, звучните бранови се прошируваат и фреквенциите паѓаат – така што гласот, што го слушате, е понизок. Кога се слушате на снимка, гласот секогаш е повисок од она што го слушате во главата. Но за жал, токму тоа на снимката е вашиот вистински глас. Погледнете го феноменот, објаснет на забавен начин во видео.

- Реклама -