Убави мисли за придружба со утринското кафе

1. Има две животни правила – Правило 1: Не се грижи за ситници. Правило 2: Сите нешта се ситници. – Фридрих Ниче

2. Продолжи да бараш. Не се помирувај. Како и со сè друго што е поврзано со срцето, кога ќе го најдеш, ќе разбереш дека е тоа. – Стив Џобс

3. Денес е нов ден, неизживеан никогаш претходно. Живеј во сегашноста и уживај во секој момент. – Луиз Хеј

4. Користи  ги парите за работи кои можат да се купат со пари. Не  го користи времето за работи кои не можат да се купат со пари. – Харуки Мураками

5. Верувај дека можеш, и си изминал половина пат до успехот. – Теодор Рузвелт

6. Никогаш нема да го пречекориш океанот, ако не собереш храброст да го изгубиш брегот од погледот. – Кристофер Колумбо

7.  Животот е како возење велосипед: Ако престанеш ќе изгубиш рамнотежа. – Ајнштајн

8. Изберете го најтешкиот пат – на него нема да сретнете конкуренција. – Шарл де Гол

9. Повеќето од важните работи во животот биле постигнати од луѓе кои продолжиле да пробуваат, дури и кога изгледало дека повеќе нема никаква надеж. – Дејл Карнеги

10. Секоја минута, во која си лут трошиш 60 секунди среќа. – Ралф Валдо Емерсон

11. Бог работи со тебе, а не наместо тебе. – Вејн Даер

12. Продолжете напред! Паѓајте. Светот изгледа различно од земјата. – Опра Винфри

13. Оној човек кој сам си помагал, секогаш им е драг на боговите и луѓето. За него сите врати се широко отворени. – Ралф Валдо Емерсон

14. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на земјата – и еден од најефикасните. – Дејл Карнеги

15. Времето ви е ограничено. Затоа не го трошете, живеејќи живот на некој друг. – Стив Џобс

16. Да не го добиеш она што го сакаш, понекогаш е голема среќа. – Далај Лама

17. Пазарите се нестабилни. Инвестирајте во себе. – Михаил Барчевски

18. Тешко е да паднеш, но уште полошо е никогаш да не се обидеш. – Теодор Рузвелт

19. Неуспехот едноставно е можност да започнеш повторно, овој пат попаметно. – Хенри Форд

20. Верувај во себе и никој друг нема да те предаде.- Бенџамин Франклин

- Реклама -