Зошто замислуваме желба кога гледаме ѕвезда што паѓа?

Зошто е добро да замислиме желба кога ќе видиме ѕвезда што паѓа?

Наспроти науката според која ѕвездите што паѓаат се цврсти небесни тела кои паѓаат од висина и светат кога ќе навлезат во земјината оска, според народните верувања тие се човековата душа која останува после смртта.

Имено, поради верувањето дека на небото има ѕвезди, колку што има луѓе на земјата, настанало и верувањето дека секој кога ќе се роди добива своја ѕвезда.

Кога човекот ќе почине неговата ѕвезда паѓа. Оној кој верува во ѕвезди, кога ќе го види паѓањето на небото станува сведок на нечија смрт, односно одделувањето на душата (ѕвезда) од телото кое останува на земјата.

Така ослободена таа ита кон вечен живот на оној свет. Кога паѓа ѕвезда ние замислуваме желба, со надеж дека душата на починатиот ќе ни ја ислуша желбата и ќе ја понесе со себе.

- Реклама -