Лансирањето на iPhone5 нема да биде одложено поради батеријата

Дебито на iPhone 5 најверојатно нема да биде поместено поради дилемата со батерии – специфично, официјалниот снабдувач со батерии на Apple наводно се мачи да создаде доволно батерии кои ги исполнуваат високите стандарди.

Дури и ако проблемот со батерии е вистински Apple најверојатно ќе создаде план со кој ќе го избегне прекинот на достава на телефонот. Според Брајан Вајт, аналитичар од Topeka Capital Markets, неименуваниот производител има исполнето само 30 проценти од нарачката на Apple што е навистина мала количина што оглед што продажбата на iPhone 5 би требала да започне во септември или октомври.

Тој пишал: „Дури и ако има проблем со батериите веруваме дека Apple ќе најде решение за лансирањето на направата во септември.“ Според Нил Хјуз од AppleInsider, анонимниот продавач на батерии наводно „работи на решавање на проблемот“. Тој исто така создава сомнение за тврдењето на Вајт дека iPhone 5 ќе биде лансиран во септември додавајќи: „Предвидувањето на Вајт е порано од очекувањата на многу луѓе.“

„Минатата година iPhone 4S беше лансиран во средината на октомври, а некои луѓе кои внимаваат на индустријата мислат дека ќе има уште една година пред да биде претставен новиот телефон.“ Apple тврди дека има доста високи стандарди кога е во прашање квалитетот на нивните направи – фановите на компанијата можеби се сеќаваат дека Стив Џобс го одложуваше претставувањето на белиот iPhone 4 цели девет месеци поради недостиг на UV заштита.

Но, бидејќи Џобс не е повеќе претседател останува прашањето дали новиот предводник на компанијата, Тим Кук, ќе се придржува до истите стандарди или ќе бара брзо решение за да го лансира телефонот на време.

- Реклама -