17 години Рамковен договор

Пред 17 години, точно на денешниот датум, беше потпишан Рамковниот договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија.

Негови потписници се тогашниот претседател Борис Трајковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски како лидер на тогаш опозициската СДСМ, Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП.

Како гаранти на документот познат и како Охридски договор, се потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Охридскиот договор ја ужива поддршката од меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како единствена рамка за развој на државата.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан
- Реклама -