Сега можете да играте Counter-Strike и на Android (видео)

Се чини како до вчера најдобрата опција за гејминг на Android беше фрлање птици кон прасиња. Сега благодарејќи на модерниот хардвер мобилната направа брзо станува нова конзола.

Новата игра на Studio OnMars позната како Critical Strike Portable, како што може да се заклучи од името, е во основа Counter Strike за мобилни направи. Единствената промена е што наместо Half-Life енџинот Critical Strike го користи Unity енџинот. Гејмплејот и графиката се апсолутно неверојатни, играта едноставно не се чини како мобилна игра.

Critical Strike Portable нуди неколку опции, како:

  • 3D Multiplayer FPS MMO игра на повеќе платформи помеѓу интернет, iOS и Android
  • Single player опција: Играч против ботови
  • Контроли кои овозможуваат индивидуализирање
  • Сите популарни типови на игри (класичен, зомби преживување, Team Death Match итн.)
  • Бесплатна – Free to Play (F2P)
  • Десетици уникатни мапи (со постојано додавање на нови)
  • Создавање на сопствени мапи со Unity 3D

{youtube}_45oPykYVSE{/youtube}

А ако не можете да замислите играње игра со помош на допирни контроли, Critical Strike Portable исто така подржува и Zeemote Bluetooth контролер. И она што е најдобро е што играта е целосно бесплатна.

- Реклама -