Платите на најголемите светски лидери

Да, да се биде на чело на една земја носи исто толку привилегии колку и одговорност, ама вклучува и солидна плата. Па, кои се најплатените?

Први на ум доаѓаат Путин и Обама, но она што тие го земаат во форма на плата се трошки во споредба со онаа на Ли Хсиен Лунг – премиерот на Сингапур. Иако Сингапур е земја со вкупна површина од само 710 км квадратни и има околу 4.8 милиони жители, тоа не е пречка за Лунг веќе неколку години да престојува на тронот на најплатени државници. Неговата годишна плата од нешто помалку од 2 милиони долари е еднаква на вкупните примања на неколку од најголемите светски челници, меѓу кои и претседателот на Кина – Кси Џинпинг, кој заработува околу 40.000 долари годишно, како и Барак Обама со плата од 400.000 долари и Путин со 136.000 долари годишно.

Пропорционално, најбогат лидер во светот е претседателот на Кенија – Ухуру Кенјата, кој заработува речиси исто како и Обама – 425 илјади долари годишно. Но, за разлика од платата на Обама, која е осум пати поголема од онаа на просечниот Американец, платата на Кенјатa е дури 240 пати повисока од просечната плата на неговите сограѓани.

Следуваат платите на дел од најголемите светски државници:

• Ли Хсиен Лунг, Сингапур – 1.701.420 долари
• Барак Обама, САД – 413.968 долари
• Стефан Харпер, Канада – 260.320 долари
• Ангела Меркел, Германија – 234.689 долари
• Џејкоб Зума, Јужна Африка – 223.776 долари
• Дејвид Камерун, Велика Британија – 215.064 долари
• Шинѕо Абе, Јапонија – 202.950 долари
• Реџеп Таип Ердоган, Турција – 197.643 долари
• Франсоа Холанд, Франција – 194.540 долари
• Владимир Путин, Русија – 136.167 долари
• Матео Ренци, Италија – 124.753 долари
• Дилма Русеф, Бразил – 120.147 долари
• Нарендра Моди, Индија – 30.336 долари

 

- Реклама -