Направете го тоалетот вашата најомилена соба

Веруваме дека секој агол од домот може да биде удобен, вклучувајќи го и тоалетот.

За таа цел, собравме на куп едноставни идеи кои ќе ви помогнат овој простор од домот да го трансформирате во најпријатна глетка.

Погледнете што подготвивме за вас…

За чување на мали нешта, можете да користите  тегли или мали конзерви. Истите можете да ги украсите со самолеплива хартија по ваша желба.

Металните шноли можат да бидат поставени едноставно на магнет и секогаш да ни бидат при рака.

Се да биде на едно место, а впрочем да изгледа доста добро.

Течен сапун, шампон, млеко за тело… Исти шишиња,а голема прегледност.

Огледалото ќе биде вистински украс ако се наоѓа спроти вратата во тоалетот и зад него стои интересен дизајн, од она што го имате зад вратата, во другата соба.

Дури и ако само ја обоите рамката на огледалото, бојата ќе ви внесе нов жар.

Од внатрешната страна на вратата може да закачувате пешкири: уредно, функционално и естетски префинето.

Инсталирајте  ваков дел во внатрешноста од туш кабината. Практично е за разни нешта.

Ќе бидете изненадени колку добро може да се вклопат полици за зачини во бањата.

Полица за книги и вино. Романтично.

Четворица во семејството, четири закачалки со ликови. Никогаш нема да згрешите во однос на тоа која крпа, кому му припаѓа.

Кој вели дека бањата не е простор за украси?

Користете евтино стакло или керамички орнаменти за создавање на украсна полица.

Додадете малку вегетација во бањата, за свежина во просторот.

Крошните можат да бидат одлична алтернатива за полиците. Така, во прилог на ѕидот можете да ги поставите на различни начини.

Старите добри несесери и чанти.

Место за крпи, во дрвена и ретро полица за цвеќе.

Невообичаените полици и украси можат да направат вистински дизајн на просторот бањата.

- Реклама -