Jапонски рецепт за подмладување на кожата

Направете домашна маска за лице и пружете и на својата кожа нега, која ги брише трагите од лицето. Јапонките секогаш ни изгледале младолики, еве ја нивната тајна.

Со векови жените од земјата на изгрејсонцето, користат ориз за нега на лицето, што се смета за тајно оружје на нивната убавина. Оризот е богат со витамин B, кој го стимулира развојот и регенерацијата на ќелиите, го успорува стареењето и ја подобрува циркулацијата.

Оваа чудотворна јапонска маска се состои од ориз, мед и млеко и брзо ќе стане вашето омилено средство за нега на кожата.

Сварете 2 – 3 лажици ориз во малку вода, додека не омекнат. Задолжително зачивајте ја водата во која се варел оризот. Сварените зрна потоа измијте ги и додадете им лажичка млеко, промешајте и додадете лажичка мед. Сите состојки измешајте ги добро и вашата маска е подготвена.

Нанесете на лицето тенок слој од смесата и држете околу половина час. По истекот на 30 минути, измијте ја маската од лицето со водата во која што се варел оризот. Вашата кожа ќе биде блескава и нежна.

Оваа мешавина можете да ја чувате во ладилник до четири дена.

Прочитај повеќе: Секси фигура со диетата на гејшите

- Реклама -