Мало коњче ја загубило мајка му, а потоа пронашло утеха во плишаниот херој

Едно ждребе по име Бриз, било пронајдено беспомошно во близина на паркот Dartmoor National Park во Велика Британија, минатата година.

– Кога го откривме Бриз, тој не можеше да се движи сам и беше премрзнат. Ждребето страдаше од дехидрација и немаше никакви сили, раскажува ветеринарот кој учествувал во неговото спасување.

Се покажало дека мајката го оставила „детето“ неколку часа по раѓањето. Изнемоштениот Бриз бил однесен во најблиската ветеринарна клиника и им станал миленик на сите.

0535910001426236497_0

Деноноќно се грижеле за него, додека целосно не заздравел.

„Секој од нас разбираше дека тој има потреба од мајка. По пребарувањето на многу можности, решивме да го запознаеме со голем кадифен мечок, висок 1,5 метри “, додава ветеринарот.

Само за неколку дена слаткото ждребе се приврзало кон играчката. Секоја ноќ Бриз заспивал до Теди.

Пред нашите очи се случи чудо: Бриз се преобрази, започна да заздравува. Тој не го испушташе мечето од вид. Играчката целосно го замени неговото семејство, споделуваат уште среќните спасители на Бриз.

 

0364689001426236498_0

- Реклама -