Tројца Олимпијци загинаа во несреќа со хелихоптер

Најмалку десет лица загинаа во судар на два хелихоптери во Аргентина, од кои осум се Французи, а леталото го пилотирале Аргентинци.

Според наводите на официјални лица од провинцијата Ла Риона, каде што се случила несреќата, хелихоптерите експлодирале во воздухот после меѓусебниот контакт.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд потврди дека меѓу настраданите е олимпијската шампионка во пливање Камил Муфа (25), боксерот Алексис Вастен и едриличарката Флоренс Арто.

Doomed: Olympians Camille Muffat, centre, Florence Arthaud, second right and Alexis Vastine far right, are pictured on their way to film TV show 'Dropped'

Тие учевствувале во снимање на реална емисија „Dropped“ што требало да се емитува на телевизија подоцна оваа година.

Иако според првичните информации меѓу патниците биле и пливачот Алан Бернад и поранешниот фудбалер Силван Вилтор, тие непосредно по несреќата се огласија на социјалните мрежи.

 

Надлежните ги истражуваат причините за несреќата, а според неофицијалните информации, исклучена е можноста временските услови да влијаеле на експлозијата на хелихоптерот.

- Реклама -