Научници создале честички кои овозможуваат живот без дишење

Ова можеби делува како приказна од научна фантастика: истражувачи дизајнирале микрочестички кои можат да бидат инјектирани директно во крвотокот за брзо оксидирање на телото.

Ова би работело дури и ако не можете да дишете што значи дека ова е едно од најзначајните медицински откритија во последните неколку години кое би можело да спаси милиони животи секоја година.

Откритието е дело на тим од Детската Болница во Бостон и ќе им овозможи на медицинските тимови да ги одржат пациентите во живот 15-30 минути и покрај критично оштетување на белите дробови. Тоа би било доволно време за докторите да дејствуваат без ризик од срцев удар или трајно оштетување на мозокот кај пациентот.

Решението веќе било успешно тестирано кај животно со бели дробови во критична состојба. Кога докторите ја инјектирале оваа течност во вените на нивните пациенти кислородот во нивната крв се вратил на речиси нормално ниво, овозможувајќи неколку минути живот.

Честичките се составени од џебови кислород во слој липиди, природен молекул кој обично складира енергија или служи како дел од клеточните мембрани. Липидете можат да бидат восоци, некои витамини, моноглицериди, диглицериди, триглицериди и фосфолипиди или – во овој случај – масти.

Овие масни кислородни честички имаат големина од околу два до четири микрометри. Тие се заробени во течен раствор кој лесно може да биде носен и користен од брза помош, итни служби и персоналот во интензивна нега. Овој навидум магичен еликсир носи „три до четири пати повеќе кислород од нашите црвени крвни зрнца“.

- Реклама -