10 факти за Мистер Бин кои не ги знае секој

Ликот на несфатениот Мистер Бин и денес засмејува милиони луѓе ширум светот, иако серијата почна да се емитува пред 25 години.
Ви претставуваме десет интересни факти за пресмешниот Мистер Бин, чиј лик го прослави британскиот актер Роуан Аткинсон.

1. Роуан Аткинсон почнал да работи на ликот Мистер Бин додека ги завршувал магистерските студии на електротехничкиот отсек на универзитетот Оксфорд. Прв пат го претставил на фестивалот во Единбург далечната 1979 година.

Beanandteddy

2. Повеќе од 100 авиокомпании го користеле ликот на Мистер Бин како реклама на авионите.

3. ТВ серијата „Мистер Бин“, која почнала да се прикажува во 1990 година, ја креирале Аткинсон и Ричард Куртис, кој подоцна ги напишал и комедиите „Четири венчавки и погреб“ и „Љубов всушност“.

4. Досега се продадени 35 милиони ДВД-ја од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,3 милијарди прегледи на YouTube и околу 64.5 милиони обожаватели на Facebook.

5. Презимето Бин (Bean, анг. грав) е смислено дури во 1989 година. Пред тоа Аткинсон и Куртис размислувале за многу видови на зеленчук, додека не се одлучиле за грав, т.е. Бин.

6. Мистер Бин нема име.

7. Иако го знаеме како самец, Мистер Бин ја имаше девојката Ирма Гоб, која се појавува во вкупно три епизоди од серијата.

8. Бин има чуден однос со својот најдобар пријател, мечето Теди. Од една страна му купува подароци за Божиќ и се обидува да не го разбуди додека „спие“, а од друга страна, го користи како четка за кречење!

1280px-Rowan_Atkinson_on_a_Mini_at_Goodwood_Circuit_in_2009

9. Вториот најдобар пријател на Бин е автомобилот Мини, кој за потребите на снимањето на серијата бил уништен два пати.

10. Во последните 25 години, во светот сè уште некаде се емитува серијата „Mr. Bean”.

- Реклама -