Големи мудрости од големиот Достоевски

Од неговиот бурен живот, произлегле дел од најголемите мисли во историјата на човештвото.

Тој завршил воено училиште, а веќе на 28 години бил уапсен и осуден на смрт поради револуционерни активности против царот Николај I. По лажно стрелање, Достоевски бил помилуван и испратен на Сибир на принудна работа.

Во тамошниот затвор поминал осум години, а му се зголемил бројот на епилептични напади, кои ги има и главниот лик од неговата книга „Идиот“. Станувајќи верник ја пронашол надежта за враќање во нормален живот, служејќи на територијата на денешен Казакстан.

Во борба со постојаната немаштија, дополнително запаѓал во коцкарски долгови. Од толку бурен живот, произлегле генијални зборови…

_origin_Gariga-pasaule-mums-7

 

Кога е изгубено богатството ништо не  е изгубено, кога е изгубено здравјето, речиси се е изгубено.

Ако рајот не е во самиот тебе, никогаш нема да влезеш во него.

Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи со свој пример.

Оние кои умеат да говорат, говорат кратко.

Подобро е да имаш некој меѓу непријателите, отколку помеѓу пријателите.

Колку е власта поголема, толку е пострашна нејзината употреба.

Душата се лечи, откако ќе поминеш време со деца.

spiritual-life-coach

Сарказам – последно прибежиште на скромни и чесни луѓе во ситуации кога приватноста на нивната душа насилно се напаѓа.

Многу несреќи дојдоа на овој свет, како последица на неизречени нешта.

Постојат нешта кои човекот се плаши да ги каже, па макар и на самиот себе. Секој пристоен човек има одреден број од тие нешта кои ги зачувал некаде во своите мисли.

Вистинскиот џенталмен, макар изгубил се што поседува, не смее да покаже емоции. Парите мора да бидат толку ниско на џенталменовата листа на приоритети, што речиси не заслужуваат никаков труд.

Оној кој никогаш не го променил своето мислење се сака самиот себе си повеќе од вистината.

Убавината е мистериозна,но и ужасна. Тука се борат божественото и демонското, а место на борбата е човечкото срце.

Браќа, не се плашите од гревовите на луѓето, сакајте ги заедно со нивните гревови.

Работата е задоволство на разумот,  а неработењето е сласт на фантазијата.

clouds-over-earth-with-rock-silouette-and-spiral-galaxy-chameleon-with-dirt-road

- Реклама -