Хомер бил на чекор до едно од најголемите научни откритија

Популарниот анимиран лик Хомер Симпсон во епизодата „Волшебникот од Евергрин терас“, што се емитуваше уште во 1998 година, станува пронаоѓач и во еден миг стои пред комплицирана равенка.
Тој бил на чекор да ја предвиди масата на Хигсовиот бозон, познат како божја честичка, и тоа повеќе од деценија пред тоа да им успее на научниците во швајцарски ЦЕРН. Ова се наведува во книгата за математиката во серијата „Симпсонови“.

„Оваа равенка ја предвидува масата на божјата честичка. А доколку ја решите, ќе ја добиете масата на бозонот, која е само малку поголема од реалната маса на елементарната честица. Неверојатно е дека Хомер тоа го предвидел 14 години пред самото откритие“, објаснува Симон Синг, автор на книгата „Симпсонови и нивните математички тајни“.

Тој во книгата наведува дека „Симпсонови“ е телевизиско шоу што се емитува во ударниот термин, во кое има најмногу математика во досегашната телевизиска историја, со оглед на тоа што повеќето сценаристи што работат се математичари, така што ова не е прв пат да се споменуваат равенки и формули.

„Симпсонови“ ги поттикнуваат и ги ценат сите оние млади луѓе што ќе одлучат да се занимаваат со математика. Се надевам дека тинејџерите ќе пронајдат инспирација во овој популарен анимиран филм – додаде Синг.

- Реклама -