Трендови: Облека со фотопринтови

Маичките со ликовите на омилените пејачи, актери или култни ликови можеби излегоа од мода, но затоа трендот на носење облека со фотографски принтови наголемо се враќа на светските модни писти.

Необичните принтови од бројни светски фотографи сезонава се сепристуни на облеката, и тоа на фустаните, маичките, здолништата и на фармерките, а најчесто се јавуваат во јаки и живи бои, но и во црно-бели варијанти, како и во сепија-стил.

Дрис ван Нотен и Карвен понудија фотопринтови на светските писти за есенската сезона, а сега моделите почнаа интензивно да се појавуваат и по продавниците. Овој тренд е интересен затоа што овозможува простор за експериментирање и содавање на автентичен печат со помош на облеката.

Ако одлучите сезонава да го испробате овој тренд, комбинирајте го со едноставни парчиња и минималистички модни додатоци, за акцентот да остане на фотопринтот. Бидејќи сликата секако доволно ќе говори сама за себе, нема потреба дополнително да ја нагласувате со агресивни комбинации.

- Реклама -