Мислете позитивно и ќе живеете подолго

Ако сакате да живеете подолго, прво научете се да бидете оптимисти, советуваат американски научници од познатата клиника „Мејо“.

Тие утврдиле дека луѓето кои се оптимистички настроени кон животот не само што водат поинтересен начи на живот, исполнет со разни позитивни настани, туку и боледуваат поретко.

„Излегува дека од менталитетот на човекот и неговиот однос, директно зависи способноста на неговиот имунолошки систем да се противи на различните болести “, сметаат американските научници.

tumblr_nhchksz4je1r0i3f7o1_1280

 

Верата / религијата пак може да додаде кон животот уште 7 години, тврдат експерти од Универзитетот на Ајова. Нивното истражување покажува дека ако еднаш неделно човек посетува богослужба, тоа се одразува позитивно на времетраењето на живот.

„Црковните ритуали можат донекаде да бидат заменети од индивидуалната медитација и во овој случај човек може да додаде кон живот уште 3 години”, дополнуваат научниците, цитирани од БиБиСи.

Други истражувања докажуваат дека активната мисловната активност која вклучува читање весници, посета на музеи, слушање радио, решавање на крстозбори, работа, исто така го зголемува времетраењето на животот – со до 7 години.

tumblr_ni0p0vlkTv1qkol0qo1_1280

 

При таков начин на живот се намалува и опасноста од развојот на Алцхајмеровата болест во поодминати години. Активниот сексуален живот пак ќе додаде 4 години, а прекрасниот поглед од прозорецот – 2 години. Ако се грижите за домашно милениче, ова исто така ќе ви помогне да го продолжите животот за 2 години, а редовниот попладневниот сон, кој не трае повеќе од 30 минути, ќе ви подари дополнително суште 1 година, се тврди во напис објавен во британскиот весник „Дејли мејл”.

- Реклама -