Зошто на директорот веќе не му е гајле дали доцните

Шефовите во САД и делови од Европа веќе не се многу строги за почетокот на работното време бидејќи веруваат деа вработените започнуваат да работат долго пред да стигнат во канцеларијата.

Според податоци од една анкета 73 проценти од шефовите имаат поопуштено однесување кон времето бидејќи нивните вработени имаат флексибилно работно време пред 9 наутро и по 17 попладне. Всушност, една петтина од вработените веќе го провериле својот работен email уште во 7 часот наутро а просечниот вработен веќе работел 46 минути пред да пристигне во канцеларијата.

Студијата – која опфатила 1000 американски, британски, германски, француски и ирски работници и работодавци – открила дека иако шефовите имаат разбирање за доцнењето, половина од вработените мислат дека ќе имаат проблеми ако задоцнат. Работодавците им даваат на вработените подобри алатки и пофлексибилно работно време и место во замена за зголемен пристап во текот на целиот ден.

Студијата покажала и дека просечниот работник почнува со проверување на работниот email во 7:42 наутро а пристигнува во канцеларијата во 8:18. Тие заминуваат од работа околу 17:48 но продолжуваат да работат сè до 19:19. Ова значи дека благодарејќи на технологијата работниците работат речиси 12 часа во денот.

Работодавците во САД велат дека толерираат просечно доцнење од околѕ 37 минути, додека Британците се малку построги, дозволувајќи задоцнување од максимум 24 минути. Исто така многу работодавци им дозволуваат на вработените да работат и од дома една четвртина од неделата. Но цената за оваа флексибилност е зголемена достапност.

Околу 15 проценти од шефовите во САД велат дека немаат проблем да контактираат со вработен друи до 21 часот, четири часа по крајот на работното време, додека 42 проценти од француските шефови избегнуваат контакт по 19 часот. Најстроги се британските шефови, 16 проценти од нив не гледаат проблем во контактирање со своите вработени доцна навечер дури и по 22 часот.

- Реклама -