Црн хумор: Последната желба на еден дедо

Дедо лежeл на смртна постела. Размислувал и се подготвувал за вечното патување.

Кога одеднаш, го почувствувал оној стар, добро познат мирис – штрудла со јаболко.

Посакал со тој вкус да замине на оној свет, и со надчовечки напори тргнал да ползи до кујната. Конечно успеал да ја пружи раката од подот на масата и да допре до чинијата…

Во тој момент, баба го плеснала по раката:

– Не чепкај, тоа е за погреб!

- Реклама -