Растение раѓа истовремено компири и домати

Британски биолози создадоа растение кое раѓа истовремено домати и компири.
Над земјата од растението TomTato растат домати, а во почвата – бели компири .

Хибридот не е создаден со генетски инженеринг, туку со калемење, со тоа што доматите се пресадени кон компировиот корен. Ова е можно, бидејќи двете растенија се блиски роднини.

0645991001423476955_0

Придонесот на експертите е тоа што пронашле сорти, што добро се надополнуваат една со друга.

Теоретски, можно е човек и сам да создаде такво растение, но неопходни се стебла со иста дебелина.

TomTato веќе се продава во Велика Британија и САД.

- Реклама -