Уште еден трик за екстра брзо лупење на јајце (видео)

Лупењето на јајцето може да се претвори во кошмар ако не го сварите како што треба.

Сепак, брзо протресување во чаша делумно исполнета со вода може да ја заврши работата за неколку секунди.

Земете чаша што е доволно мала да можете да ја затворите со дланката. Ставете го јајцето во чашата и наполнете малку вода. Со дланката покријте го отворот, но со простор меѓу прстите, за да може водата да излезе. Застанете над садоперот и почнете да „мучкате“. Благодарение на ваквиот метод ќе можете да ја отстраните лушпата со само еден потег.

Погледнете и самите колку е лесно:

- Реклама -