Четири идеи за украсување на високите потпетици

Високите потпетици се речиси задолжително модно парче, од женската гардероба.

Тие нè прават повисоки, витки и привлечни. Студија на еден француски научник дури има потвредно дека мажите повеќе ги привлекуваат жени на високи потпетици.

„Ако жената сака да добие внимание и грижа, таа само треба да облече високи чевли” , тврди тој.

Доколку сте љубител на високите потпетици, сигурно имате во вашиот гардеробер барем неколку пара кои одамна не сте ги носеле.

Наместо да собираат прашина, можете да им вдахнете нов живот. Денеска ќе ви покажеме 4 одлични предлози како да го направите тоа.

Со чипка

1

Чипката ќе биде исклучително модерна и оваа година. Таа е женствена и зрачи со елеганција. Може да ги украсите чевлите со парче чипка во саканата боја. Едноставно залепете ја со цврсто безбојно лепило врз избраната локација.

Со синџирче

2

За оваа идеја имате потреба од ланче (златно, сребрено…), кое треба само да го ставите на овој начин. Кога сакате да ги носите чевлите без него, можете лесно да го извадите.

Со камчиња

3

Оваа идеја е за сите жени кои го сакаат гламурот. Земете кристали, камчиња (може да ги најдете во текстилни продавници во разни форми и бои) и залепете ги.

Со панделка

4

Направете панделка од поширока лента, како на сликата.

- Реклама -