ГЛАСАЈ ВО АНКЕТАТА Кој од нив ја заслужува златната статуетка

Номинациите се објавени, а ние ќе ве подготвивме за најважниот филмски ден во годината- се разбира, станува збор за Оскарите.
Ви носиме детали околу најдобрите филмови кои се номинирани за Оскар, а следните пет недели ќе ви ги претставиме и најважните категории. Започнуваме со Најдобра споредна машка улога, а за својот фаворит може да гласате и во нашата анкета- резултатите ќе ги објавиме во понеделник.

1. Роберт Дувал (The Judge)

Легендарниот 84-годишен актер зад себе има богата кариера и бројни награди. До сега бил номиниран за Оскар дури седум пати, а златната статуетка ја добил за улогата во филмот Tender Mercies. Овој пат олицетворени судија во истоимениот филм. Приказната е за успешниот адвокат Хенк Палмер (Роберт Дауни Џуниор) кој по смртта на мајката се враќа во родниот град. Освен семејството од кое целосно се оттуѓил, Палмер го дочекува и тужба подигната против неговиот татко, истакнат пензиониран судија кој во служба на правдата поминал 42 години. Џосеф Палмер (Роберт Дувал) е обвинет за убиство. Брилијантниот млад адвокат ќе мора да ја заузда својата ароганција, да се смири со семејството и повторно да ја добие довербата на својот татко со цел да победи во најважниот случај во неговата кариера.

2. Итан Хок (Boyhood)

44- годишниот актер оваа година е номинирам за најдобра споредна улога во филмот Boyhood. До сега бил номиниран четири пати за Оскар, а има напишано и дела за театар, документарни филмов и неколку романи. Овој филм е сниман 12 години и го следи растењето на момчето Мејсон (Елар Колтран) од неговата 5-та година до полнолетството. Итан Хок го глуми неговиот татко.

3. Едварт Нортон (Birdman)

45-годишниот актер оваа година ја добу третата номинација за златната статуетка, а познатиот актер во Холивуд е познат и како успешен сценарист, режисер и продуцент. Филмот Birdman му ја донесе третата номинација, а станува збор за сатира во шоу бизнисот каде главниот јунак Риган Томсон (Мајкл Китон), актер кој сите години е гледан исклучиво како суперхеројот Birdman, и за да се ослободи од таа слика Риган планира да одржи претстава на Бродвеј.

4. Марк Рафало (Foxcatcher)

Познатиот актер го смени својот излед за филмот Foxcatcher каде го глуми братот на олимпиецот, и за тоа заработи втора номинација за Оскар. 47-годишниот актер одигра одлична улога во многу драматичната приказна за добитникот на златен олимпијски медеал.

5. Џ.К. Симонс (Whiplash)

Одлична улога на професорот со немилосрдни методи го отелотвори 60-годишниот актер Џ.К. Симонс. Иако е попознат во ТВ сериите, сега му е дадена номинација за Оскар. Приказната во филмот е за еден амбициозен млад џез тапанар кој сака да го освои врвот на елитниот музички конзерваториум.

[polldaddy poll=”8604313″]

- Реклама -