Жената и желбата да се огледа во неговите очи

Според психологијата има нешто што недостасува кај речиси секоја жена, која некогаш била девојче одгледано главно од мама. Таа може да биде многу топла и грижлива, но поради истополовата природа нема како да го даде она толку фино и нежно чувство на желба, која може да помине само во мрежата на машко-женската размена. Може да сме го виделе во очите на својот татко, на неговиот постар брат од време на време, но татковото отсуство во моменти на исхрана, промена на пелени, капење, може кај жените да остави длабоки траги во однос на подоцнежниот избор на партнер …

Мајката, како предмет на нашата прва форма на поврзување, може да го пружи сето останато, но не и чувството на посакуваност. Нема како девојките да тонат во нејзиниот поглед, како што би потонал  таму нејзиниот син. Како што за момчето тешкотијата е во тоа да се откине од објектот на љубов, кој е “премногу адекватен” и оддаден, она што е страшно за девојката е да не најде воопшто соодветен објект и да остане надвор од Едиповата конекција до некое идно време во животот.

Момчето може да почне од местото на спојување / комплементарност, додека за девојката нејзините најрани искуства предизвикуваат побрза поделба помеѓу телото и умот – таа ќе биде сакана како дете, но не и посакувана како девојка; ќе биде посакуван објект за својот татко, кој ќе го гледа ретко, но не и за својата мајка, со која ќе биде деноноќно.

Овој недостаток на желба во очите на мајката се раѓа кај  сите девојки, едно фундаментално чувство за незадоволство. Во него можеме да ги бараме корените на подоцнежната вечна индиферентност и недопаѓање на она што го имаме и она што сме. Речиси секоја жена копнее нешто во неа да би било малку поинаку – формата на лицето, густината на косата, висината на градите, нозете … Постојано се трага кон нешто што ќе не направи подобри. И не е случајно што тоа незадоволство е најмногу насочено кон телото и надворешноста, бидејќи во очите на мама сме биле  миленици, сакани, но не и полово / телесни живи. Огромната индустрија се храни од оваа специфика на женственоста …

Во исто време почнуваме да чувствуваме дека имаме различно тело кое ниту ги има атрибутите на тато, ниту пак белегот на мама. Тогаш доаѓа моментот да си играме „да бидеме жена”, „да бидеме мама”. Ги носиме чевлите со потпетици, ставаме од нејзиниот кармин, ја шетаме нејзината  женска торба.

Затоа нашата вистинска сексуалност сепак не ни недостига и ни се наметнува да ја нагласуваме – да облечеме подлабоко деколте, пократок фустан… Започнуваме да сексуализираме сè: тело, кое треба да изгледа женствено , движењата и јазикот.

Има и нешто друго: како бебиња чекаме да дојде моментот за поминување на повеќе време со тато, за да се почувствуваме објект на желба. Потоа ни се наметнува да чекаме постигнување на зрелост во нашата сопствена сексуалност, за која обично никој не ни објаснува каде и во што се состои. Потоа започнува големото чекање на големиот оргазам, за кој сме слушнале, но сепак не сме сигурни дали е тоа вистинското или уште нешто треба да се случи … Како резултат на толку чекање девојките се трансформираат во една “привидна” жена во очекување. Ова е еден болен дијалог во кој идентификација (“да бидам како”) почнува да преовладува над идентитетот (“да бидам”).

Недостатокот на родителски поглед исполнет со желба, создава подоцна кај нас, возрасните девојки, длабока потреба да се погледне во очите на некој друг, за да се почувствуваме добро. Затоа ни е толку потребно да слушаме почесто колку сме убави и најчесто посакувани од саканиот маж. Ова е една од нашите најсериозни потсвесни желби и би било одлично ако тој тоа го знае и ни ја храни самодовербата секој ден со желбата да се огледа низ нашиот поглед.

- Реклама -