Тајната на туширањето што не ја знаете: Како да добиете енергија за цел ден

Во текот на животот поминуваме околу 4.000 часа под туш, а сепак постојат нешта што не ги знаеме за истото. На пример, дека правилното утринско туширање може да направи да бликате со енергија преку целиот ден, но и обратно.

Најголемиот дел од луѓето мислат дека туширањето не буди и освестува, но всушност се случува спротивното. Имено, кога по туширањето со топла вода ќе преминеме во студена просторија доаѓа до пад на телесната температура, што всушност води кон голема потреба од сон. Наместо да сте свежи и енергични, ќе завршите поспани.

Трикот лежи во тоа со каква вода се туширате, а се што ви е потребно за да го извлечете најдоброто се 90 секунди. Направете го следното: Кога ќе завршите со капењето, 30 секунди поминете под млаз од студена вода, почекајте 30 секунди, па исто толку поминете и под млаз со топла вода. Зошто ви е потребна ваква „топло-ладно“ авантура? Затоа што делува.

Сепак, лицата со кардиоваскуларни и слични проблеми, на кои ваквите варијации не им пријаат, треба да го избегнуваат овој „трик“.

- Реклама -