Конечно откриено: Што ејакулираат жените за време на сексот?

Додека машката ејакулација е сосема јасна и се знае доволно околу неа, женската ејакулација (squirting) остана мистерија. Имено, до неодамна, никој не знаеше што точно „прскаат“ жените кога ејакулираат за време на оргазмот.

Благодарение на една студија предводена од група на француски научници, сега знаеме. Тимот работел со 7 жени без „гинеколошки абнормалности“, кои пријавиле „масивни и чести исфрлања на течности за време на сексуалната стимулација“.

Групата предводена од Самуел Салама, гинеколог во болницата Parly II во Ле Чесни, откри дека течноста доаѓа директно од мочниот меур, дури и ако бешиката била испразнета непосредно пред сексуалната стимулација. Имајќи го тоа во предвид, не е изненадување што научниците открија и дека течноста што жените ја ејакулираат е во основа, урина, понекогаш помешана и со ензим наречен „prostatic-specific antigen“ (PSA).

Па, ете. Кога жените ејакулираат за време на секс, ќе му дојде исто како да уринираат. Сега кога знаете, сигурно се чувствувате подобро.

- Реклама -