Животни лекции од мудри и искусни луѓе

Целиот живот го поминуваме во потрага по вистини за да се пронајдеме себе си, барајќи честичка од она што сме, во другите околу нас. Ги менуваме своите убедувања и тие не менуваат нас, гледаме нови можности и ги зграпчуваме храбро. Животот е една авантура, а значењето го откриваме дури на завршните чекори.

Овие совети се вредни, бидејќи секој од нив е испробан и искусен.

1. Животот е неправеден, но сепак е убав.

2. Кога се сомневаш, едноставно направи го следниот мал чекор.

3. Животот е премногу краток, за да го поминеш мразејќи некого.

4. Не ги сфаќај работите премногу сериозно, никој друг не го прави тоа.

5. Најважниот орган е мозокот.

6. Не е потребно да заработуваш и победиш од секој спор. Изрази согласување и несогласување.

7. Поплачи со некого. Поздраво е од тоа да плачеш сам.

8. После секое разочарување запрашај се: “Ќе вреди ли по пет години?”

9. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е бесмислен.

10. Биди во мир со минатото, за да не го уништи тоа твојата сегашност.

life

11. Овозможи им на децата да видат како плачеш, нема ништо погрешно во тоа.

12. Не го споредувај својот живот со оној на останатите. Немаш поим што се случува на нивното патување.

13. Ако една врска мора да биде тајна, тогаш ти не треба да си во неа.

14. Животот е премногу краток за да се самосожалуваш.

15. Она што другите луѓе го мислат за тебе, не е твоја работа.

still-life-photography-4

16. Работата нема да се погрижи за тебе, кога си болен. Твоите пријатели ќе го сторат тоа. Останете во контакт.

17. Твоите деца имаат само едно детство. Направи им го незаборавно.

18. Кога треба да го добиеш она што го сакаш најмногу во животот, не прифаќај “не” за одговор.

19. Ако сите ние можевме да ги фрламе проблемите во ѓубрето, таму ќе откриеме многу поголеми од нашите.

20. Запали свеќи, користи убави чаршафи, облечи луксузна долна облека. Не ги чувај овие работи за посебни прилики. Денешниот ден е доволно посебен.

Still-Life-Photography-4 (1)

- Реклама -