Вуди Ален се сели на телевизијата, ќе режира серија

Вуди Ален потпиша договор со Amazon да напише сценарио за прва телевизиска серија и да ја режира.

Епизодите кои ќе траат половина час, ќе бидат наменети исклучиво за Amazon Prime Instant и ќе дебитираат следната година.

Засега серијата е наречена “Untitled Woody Allen Project “(„безимен проект на Вуди Ален“) и за жал нема пуштено многу информации за она што ќе се случува и како ќе се одвиваат дејствијата. Судејќи според изјавата за продукцијата, самиот Ален не знае од каде да започне.

„Не знам како се најдов во ова”, вели режисерот. „Немам идеја и не сум сигурен од каде да почнам”.

Вуди Ален е еден од најпознатите режисери во светот со филмографија од над 40 продукции, меѓу кои „Ени Хол”, „Полноќ во Париз” и „Меч поинт“.  Тој е и драматург, музичар и еден од најпопуларните комичари.

При сето негово извонредно творештво сепак Вуди Ален се уште не создал телевизиска серија. Ова го прави договорот исклучително важен како за Ален, така и за Amazon Studios, компанијата која се занимава со оригинална продукција за видео сервисот на електронскиот гигант.

- Реклама -