Една реченица – приказна

Да кажеш многу со малку зборови – тоа е талент кој малкумина писатели го поседуваат. Овие 12 реченици зборуваат повеќе од стотици страници и од секоја од нив може да се напише роман. Земете здив и прочитајте ги …

1. „Жал ми е, војнику, чевлите ги продаваме во пар.”

2. „Татко ми замина, се врати знаме.”

3. „Денеска ми е педесет годишнината, ве молам маса за еден.”

4. „Непознат. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Непознат.”

5. „Човек плаче, држејќи го ремчето на кучето.”

6. „Еден куршум за целиот живот.”

7. „Мама ме научи да се избричам.”

8. „Таа ги сакаше цигарите повеќе од животот.”

9.  „Рак. Остануваат три месеци живот. Бременост.”

10. „Денеска и се претставив повторно на мама.”

11. „Јас сретнав сродна душа. Таа – не.”

12. „Почитувани патници, не ви се обраќа вашиот капетан.”

- Реклама -