Хрватска извиси во Групата Ц: Шпанија и Италија во четвртфиналето

Завршија дуелите и во групата Ц на Европското првенство 2012 – Шпанија и Италија продолжуваат понатаму со вчерашните победи против Хрватска и Република Ирска.

Наспроти многуте шпекулации дека може да одиграат реми (2-2) кое ќе им одговара на двете селекции, Шпанците стигнаа до првото место во групата славејќи, и покрај тоа што апсолутно не брилјираа, против „коцкастите“ со 1-0 со единствениот гол на дуелот кој стигна во 88. минута преку Хесус Навас.

{youtube}P0p0Av-qtXk{/youtube}

Претходно Хрватска имаше повеќе од играта во второто полувреме, но Ракитиќ во 58. минута не реализираше извонредна шанса. Хрватите во текот на поголемиот дел од вториот дел имаа иницијатива наспроти анемичните Шпанци, но откако не искористија неколку убави можности следеше казната во финишот од дуелот.

А, нереализацијата на Хрватите умешно ја искористи Италија со триумфот од 2-0 против Ирците. Во трка по победата Италијаните го диктираа темпото на средбата од самиот старт, па конечно рушејќи го отпорот на островјаните со голот на Касано во 35. минута.Во мирно второ полувреме потоа, пласманот на „азурите“ во четвртфиналето дефинитивно го осигура Марио Балотели со својот прв гол на првенството во 90. минута од дуелот.

{youtube}44w85jQ37qA{/youtube}

- Реклама -