Тајно го фатил Дедо Мраз на камера додека оставал подароци (видео)

7-годишниот Еван не се ни надевал дека е можно да му успее планот да го фати Дедо Мраз на скриена камера додека остава подароци. Сепак, тој се користи со многу напредни технологии и магии и тешко е да го надитрите. Сеедно, Еван го убедил својот постар брат да ја постават камерата и да се обидат.

Колку големо изненадување го чекало следното утро! Кога Еван ја погледнал снимката имал што да види. Во еден момент, Дедо Мраз се телепортира во дневната и откако ќе лапне малку млеко и колачиња, со само едно движење на прстите остава цел куп подароци под елката. Божиќно чудо, зар не!

Паа… всушност се работи за кул вујко. Ден Фишер објаснува дека работел цела ноќ за да му приреди вакво запрепастувачко изненадување на својот внук. „Отидов до куќата облечен како Дедо Мраз и го снимив видеото, а потоа работев до 4 изутрина за да го едитирам видеото и да го вратам во камерата. Спиев само 2 часа, ама дефинитивно вредеше“, вели тој.

Во контекст на ова, од Дедо Мраз ќе побараме повеќе вакви вујковци на светот.

- Реклама -