Неколку начини да избегнете „без врска“ подарок

Подарокот и не е толку важен, важно е вниманието и добрата мисла. Нели? Како не! Се знае, постојат два вида подароци: едните се супер и секогаш ќе ги цените, а другите се без врска и ќе морате да се напрагнете за да ја замените разочараноста со лажна насмевка.

За да биде полесно и за двете страни, подобро е да не оставате се на случајот и суптилно да се инволвирате во одлуката на оној што треба да ви подари нешто, околу тоа што да ви подари. Па, еве неколку совети:

 

Усовршете ја техниката на сугерирање

Под „сугерирање“ подразбираме масивна употреба на „like“, „post it“, „pin it“ и секакви можни опции и сервиси на социјалните мрежи, што можат да алудираат на нешто што сакате да го добиете како подарок. Споделувајте го што е можно повеќе, правете листи, каталози, оставајте коментари во стилот „Го сакам ова!“, поставете слика од вашиот идеален подарок на десктопот на компјутерот, на позадината на телефонот, и секаде каде што „подарувачот“ често ќе има прилика да го види.

girl is really unhappy with gift box for christmas

Гласно кажете што не сакате

На пример, јасно кажано „мразам џемпери!“ би требало да ве поштеди од тоа да добиете џемпер што не го сакате. Ако и покрај тоа го добиете, веројатно тој што подарува не ве сака баш премногу.

 

Искрена реакција

Храбро е да се каже „Ох, благодарам!“ кога тоа не го мислите. Ама храброста понекогаш се граничи и со глупавост. Па затоа, бидете искрени кога ќе добиете лош подарок. Наместо љубезната насмевка, упатете благо прекорен поглед во стилот „Слабо си се потрудил/а“. Тоа ќе биде сфатено како жолт картон, па следниот пат со право може да очекувате „подарувачот“ да оди на сигурна варијанта и да ви земе нешто што навистина го сакате.

 

Сменете ги пријателите и роднините со луѓе со подобар вкус

По малку е себично, ама работи, нели? Што повеќе сте опкружени со добар вкус, поголеми се шансите за добар подарок.

Bad Christmas Gifts

Последна надеж

Ако гледате дека и покрај сите ваши обиди, другата страна нема баш идеја што да ви подари, изберете ја најсигурната варијанта. Откажете се од изненадувањето, и соопштете точно што сакате да добиете за подарок. За изненадувања секогаш има време, ама за лоши подароци ретко има толеранција.

 

Ако ништо не успее

Што и да сакате, купете си сами. На крајот, сте заслужиле, зарем не?

 

- Реклама -