Совршена зимска дестинација: Национален парк во Финска

Лоциран низ пределите на Северна Остроботаниа и Лапонија, националниот парк Oутланка во Финска може да се пофали со долги предели недопрена природа. Местото е единствено поради природата која се наоѓа во него, а е микс од северното, источното и јужното влијание.

Голем број на ендемски видови на животни и растенија живеат токму во овој регион, а доколку некогаш имате можност да го посетите, со сигурност ќе налетате на некое од стадата на ирваси кои талкаат низ северните шуми.

Туристите ја посетуваат Oутланка во текот на целата година, особено во зима, и покрај фактот што е покриена со дебел слој на снег. Во овој период актуелно е пешачењето низ 80 км. долгата рута наречена Карункиерос, доживување проследено со пејзажи кои го одземаат здивот. Освен да шетаат по оваа рута, туристите можат и да скијаат или пак да возат моторни санки.

Во летниот период пак, најчести се туристите-љубители на кајакарството, велосипедизмот, но и оние кои уживаат во долгите прошетки и берењето на шумски плодови и цвеќиња.

01-snow-tree-615 Finland (CFA 16.01.11) 242 Oulanka Oulanka2-740x518 Oulanka3-740x493 Oulanka4-740x483 Oulanka5-740x416 Oulanka6 Oulanka-Photo-by-Graham-GlobalGrasshopper3-740x492 Oulanka-Photo-by-Graham-GlobalGrasshopper-740x491 Oulanka-Photo-by-Petr-Kosyh2-740x518 Oulanka-Photo-by-Petr-Kosyh-740x491 Snow-Picnic-Stockholm-Sweden-

- Реклама -