Дали некогаш сте се запрашале што би се случило доколку згазите на лава? Благодарение на Алекс Ривест, невролог, фотограф и авантурист, сега имаме одговор на тоа прашање.
За време на неговиот престој на Хаваите, каде што снимал избувнување на лава од вулканот Килауеа, Ривест демонстрирал што се случува доколку умерено нагазиме на врела маса. Првиот контакт, се покажало дека, предизвикал умерено вовлекување на масата.
„Мислам дека многумина ја замислуваат лавата како врела течна супстанца налик на вода. Во езеро со лава не би можеле никогаш да паднете како во базен со вода, бидејќи смесата се премногу густа, така што едноставно по контактот со неа, малку би изгореле и потонале“, објаснува авторот на снимката.
Сите оние кои би паднале во искушение самите да се обидат да допрат лава, Риверс ги предупредува: „Не го правете тоа! Такво нешто можат да пробаат само професионалци и тоа за цели на демонстрација“.