Според Папата Френцис, и кучињата имаат душа?

Неодамна, додека тешеше момче чие куче умрело, Папата Френцис јавно изјави дека „рајот е отворен за сите божји креации“. Сепак, љубителите на животни тоа го интерпретираа како пресврт на конзервативниот теолошки став на католичката црква, според кој животните немаат душа.

Чарлс Камоси, професор по Христијанска етика на универзитетот во Фордхам, вели дека е тешко да се одреди што точно мислел Папата со тоа што го рекол, затоа што „зборувал на „татковски“ јазик кој не бил наменет за да биде анализиран од академиците“. На прашањето дали изјавата на Папата предизвикала дебата за тоа дали животните имаат душа, дали страдаат и дали одат во Рајот, Камоси одговара: „Апсолутно“.

pope-1024[1]

Дебата ја подгрева неконзистентниот став на Ватикан по ова прашање низ историјата. Папата Пиус IX рече дека животните немаат свест, додека Јован Павле II рече дека животните имаат душа и дека „се блиски до Бог исто колку и луѓето“. Потоа Бенедикт излезе со контрадикторен став во однос на Павле II, велејќи дека смртта на животното едноставно значи „крај на егзистенцијата на земјата“.

Ватикан сеуште не излезе со дефинитивен став по ова прашање. Но, да се декларира дека животните имаат душа би значело дека нивното убивање е грев. Тешко дека Католичката црква би имала храброст да нагази во такви води.

Сеедно, Папата Френцис, во одредени кругови нарекуван и „Супер-папа“, дефинитивно ги освојува срцата на се повеќе групи на луѓе. Претходно им даде надеж на хомосексуалците и вонбрачните двојки, а и приврзаниците на еволуцијата и теоријата за Биг Бенг.

- Реклама -