Тест со прстите го открива нашиот вистински темперамент

Постојат многу психолошки начини за тестирање на личноста на човекот. Еден од најпознатите и распространети е таканаречениот „Тест на прстите”. Тој го открива нашиот вистински темперамент, според знаците кои што ни ги дава телото.

За да го направите тестот, потребно е само да земете лист и пенкало, и да ги следите следните 4 чекори.

112062477_10

1.Сплетете ги прстите на рацете како од сликата под број 1. Сега погледнете палецот на која од двете раце е одозгора. Ако палецот на десната рака ви е горе, тогаш запишете на лист  2, ако пак е оној на левата рака – напишете 1.

2.Вперете со вториот прст во имагинарна цел и затворете го едното око, како на сликата број 2. Ако сте го оставиле отворено левото око, запишете 1, а ако сте гледале со десното – пишете 2.

3.Скрстете ги рацете на градите на начинот што е прикажан на сликата број 3. Сега погледнете која рака останала врвот. Ако тоа е левата рака пишете 1, ако е десната –  2.

4.Започнете да аплаудирате на начин прикажан на сликата 4. Ако раката што се наоѓа на врвот, додека го правите тоа е левата, запишете  1, ако е десната – 2.

Сега, според бројките кои ги ставивте на хартија, пронајдете каде сте вие.

Резултати:

2222 – Вие сте 100 проценти десничари, со одржлив карактер, конзервативни, избегнувате конфликти и спорови со кого и да било.
2221 – Најпрепознатлива карактеристика на вашиот карактер е вашата крајна неодлучност.
2212 – Вие сте комуникативна личност која може да пронајде заеднички јазик секогаш и со секој.
2111 – Вие сте непостојани, преферирате да правите се сами и не ги поддржувате другите.
2211 – Прилично ретка комбинација. Вие сте комуникативни, лесно упатувате контакт, а во исто време имате многу мек карактер.
2122 – Вие сте “техничар” со аналитички ум и пристоен карактер. Обрнувате големо внимание на сè, а сте познати како „студени“ во односите со околината.
2121 – Исто многу ретка комбинација – вие сте беспомошни, претерано паѓате под влијание на другите луѓе.
1112 – Вие сте емотивна, енергична и решителна личност.
1222 –  Вие сте емотивни, па затоа поседувате нерешителност и снаодливост при одлучувањето за прашања од најголема важност. Лесно подлегнувате под туѓо влијание. Имате добри комуникациски вештини и луѓето се чувствуваат привлечени од вас.
1221 – Емоционална личност со многу добар карактер. Вие сте наивни и ви недостасува упорност.
1122 – Вие сте пријателски настроен човек, но истовремено не сте наивни и површни. Склони сте да нурнете во себе, да ги анализирате сите свои активности. Имате многу интереси, но немате доволно време за сите.
1121 – Лесно им верувате на луѓето и имате добра душа. За сите е очигледно дека вие сте креативна личност.
1111 – Стопроцентен левичар, вие сте крајно либерална личност. Креативноста зазема важно место во вашиот живот. Доживувате силни емоции, имате нагласен индивидуализам, својствени за вас се егоизмот и инаетот. Го сакате животот.
1212 – Вие сте човек со силен дух. Тврдоглави сте и обично ги постигнувате целите кои сте си ги поставиле.
1211 – Вие сте склони кон премногу инспекција во себе, тешко стекнувате пријателства, но имате силен дух и кога ќе замислите нешто за цел, тешко е било што да ве натера да се откажете од неа.
2112 – Вие имате неограничен карактер, лесно се среќавате со нови луѓе и создавате нови пријателства, често ги менувате впечатоците.

- Реклама -