Поучна приказна за спомените

Стар и мудар Кинез одел по снежните полиња, кога одеднаш здогледал жена како плаче.

– Зошто плачете? ја прашал тој.

– Зашто си мислам на својот живот, младоста и убавината која ја гледав во огледалото, и за мажот, кого го сакав. Бог е суров, ни дал способност да паметиме. Секогаш кога ќе си споменам дека доаѓа пролетта јас плачам.

Мудрецот стоел меѓу снежната област, се загледал во една точка и размислувал. Неочекувано жената престанала да плаче:

– Што гледате таму? прашала таа.

– Поле со рози, одговорил мудриот старец. – Бог бил великодушен кон мене кога ми дал способност да се сеќавам. Тој знаел дека во зима јас секогаш можам да се сетам на пролетта и да се насмевнам”.

 Парабола за спомените

Мисла на денот

Кинеска народна мудрост

- Реклама -