Најдете време за себе!

Кога денот ви е бескрајно долг и исполнет со задачи кои не ве забавуваат, а не можете да се решите од нив, тоа дефинитивно влијае на вашето расположение.
Секој знае дека е сосема нормално да се биде при крај со нервите кога на работа настапува интензивен период, но милион луѓе ширум светот се прашуваат што им станало кога одеднаш почнуваат да се вознемируваат и нервираат во ситуации кога не се под притисок.

Одговорот е едноставен- сте заборавиле на себеси! Во жонглирањето на работните и семејните обврски, трчањето на воннаставни активности, спортови и хоби кои би требале да ни овозможат подобар и поквалитетен живот понекогаш не водат во обратен правец. Сте доживеале замор бидејќи не сте одвоиле време за себе! Не за пријателите, не за омилената ТВ серија, туку за себе!

Едноставен трик до внатрешна среќа која е навидум е лесна за постигнување- секој ден краток период резервирајте за сопствено задоволство- за многумина се покажало покомплицирано отколку што изгледа на прв поглед. Многумина мислат дека поради лошата организација на времето, но тоа е заблуда. Одговорот е повторно едноставен: мораат да пронајдат токму она што ги прави среќни! И кога ќе ја откријат таа активност, без разлика дали таа би била вечерно чешлање на косата, утринско туширање, медитација во 4 часот наутро или трчање 5 километри дневно, тоа ќе ги доведе до чувство на исполнетост, доколку го практикуваат тоа секојдневно.

Секојдневната пракса е клучот- немојте своите пет минути да ги прескокнувате бидејќи минатата ноќ сте се „журкале“ премногу! Ако тој ден би станете порано за одење на работа, тогаш нема причина зошто да не станете и за себе. Вие сте, покрај сè, сте поважни од работата. Бидете силни!

Ако тоа е важно за вас, тоа ќе биде важно и за другите. Не дозволувајте на вашите пријатели или семејство да ви кажуваат што е добро за вас. Прво пронајдете го она што ве прави среќни. Пробајте се што ви се чини интересно, а веќе една до две недели пракса ќе се покаже дали тоа е вистинската работа за вас. Бидејќи среќните и задоволни луѓе ја шират среќата околу себе!

- Реклама -